Занимливости
Интернетот е воодушевен како кучето Меси всушност аплаудираше на Оскарите
Кучето Меси го украде шоуто на овогодинешните Оскари.
Се шпекулираше дека ѕвездата на филмот „Anatomy of a Fall“ на Џастин Триет нема да може да присуствува на свечената церемонија, но само неколку минути од почетокот, за време на монологот на Џими Кимел, во кадарот се најде 7-годишниот бордер коли на седиште во близина на сцената.
Кучето од расата бордер коли (Border Collie), кое се појави во „Anatomy of a Fall“, беше кандидат за неколку награди, меѓу кои и за најдобар филм. Меси на Оскарите пристигна со машна и седеше во публиката со сите ѕвезди.
this is the best thing i’ve ever seen pic.twitter.com/q0QlwwmIG0 https://t.co/t5W6T7M9GY
— bethany (@fiImgal) March 11, 2024
Во еден момент тој беше прикажан на екранот како „аплаудира“ откако беше објавено дека Роберт Дауни Џуниор доби Оскар за најдобра споредна машка улога, а снимката стана вирална на социјалните мрежи.
Но, луѓето сега открија дека аплаузот на Меси бил поради човек кој лежел под столот и држел лажни шепи за да изгледа како кучето да аплаудира.
i cannot stop laughing y’all pic.twitter.com/q2eyjNQSV4
— milkavoy (@allisonargented) March 11, 2024