Занимливости
Клонирана крава што вреди 3,4 милиони евра – научен подвиг во Бразил или само скап експеримент?
Во Бразил е клонирана втората најскапа крава во светот, Виатина, која пред две години беше проценета на неверојатни 3,4 милиони евра (21 милион бразилски реали).
Техника вредна илјадници евра
Клонирањето на Виатина беше спроведено со метод што чини околу 100.000 бразилски реали (16.514 евра). Ова не е единствениот случај – клонирањето на елитни говеда во Бразил е практика што се применува комерцијално од 2010 година.