Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Лепа Брена доби 30.000 евра отштета по несреќата на концертот во Загреб

ФОТО ФЕЈСБУК / ЛЕПА БРЕНА

Занимливости

Лепа Брена доби 30.000 евра отштета по несреќата на концертот во Загреб

Големата балканска музичка ѕвезда Лепа Брена доби отштета од 30.000 евра благодарение на својата осигурителна полиса, откако во декември минатата година се здоби со скршеница на ногата за време на концертот во Загреб, Хрватска.

Несреќата се случила при качување на бината, кога на Брена ѝ паднал камерман, предизвикувајќи сериозна повреда. По концертот, таа итно била оперирана во Загреб, а сите трошоци за медицинската интервенција и рехабилитација биле покриени од осигурувањето.

Маркетинг

Брена секогаш внимава на своето здравје и редовно плаќа осигурување за да се заштити од вакви ситуации. За оваа несреќа доби 30.000 евра, со што ги покри сите трошоци за операција, лекови и опоравување,“ изјави извор за српскиот „Курир“.

Заштита од несреќи на работа

Познато е дека осигурителната полиса на Брена ја покрива за повреди на работното место – во нејзиниот случај, настапите и концертите.

Иако и во минатото се соочувала со полесни повреди, оваа несреќа на крајот на 2024 година се покажа како посериозна. Благодарение на долгогодишната свесност за важноста на осигурувањето, Брена не само што ја покрила операцијата, туку и успешно продолжува со рехабилитацијата.

Таа е пример за тоа како правилното осигурување може да го олесни справувањето со непредвидени околности,“ додава изворот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.