Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нов бесценет артефакт за историјата на Пивара Скопје

Занимливости

Нов бесценет артефакт за историјата на Пивара Скопје

Нов бесценет артефакт за историјата на Пивара Скопје

Дали знаете кога е основана Пивара Скопје? Едногодишното истражување што го спроведува тимот на Пивара Скопје, во соработка со Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС, пребарувајќи ги архивите во Белград, Загреб и Софија, дојде до нови податоци и артефакти кои покажуваат дека компанијата била основана на 2 септември 1922 година, а дека производство на пиво започнало во август 1924 година.

Во пресрет на големиот јубилеј – 100 години од основањето на Пивара Скопје, збирката на артефакти за историјата на Пивара Скопје, денеска се збогати со уште две книги, кои се подарок од Државниот Архив и датираат уште од 1924 година. Првата книга – „Дневник на купувачи на пиво“ е всушност евиденција за првите купувачи кои набавиле буриња со пиво, а во втората книга може да се забележат потписите на првите потрошувачи кои направиле нарачки, меѓу кои биле познатото семејство Шкаперда, скопската митрополија, офицерскиот дом и многу други. 

„Многу сме им благодарни на Државниот Архив и Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС за одлуката овој артефакт да ѝ биде предаден на Пивара Скопје. Постојаното надополнување на нашата колекција на артефакти е од огромно значење за компаниското наследство. Ме радува што еден ваков бесценет артефакт се враќа онаму од каде што потекнува“, изјави Ламбро Патче, менаџер за комуникации и односи со јавност на Пивара Скопје.

Од тимот што работи на истражувањето очекуваат дека ќе се откријат уште многу интересни артефакти, а и непознати факти кои дополнително ќе го збогатат наследството на Пивара Скопје.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.