Занимливости
Нова книга го “стресе” кралското семејство: Испливаа тајни за кралицата, еве што мислела за принц Хари
Вчера беше претставена новата книга за кралското семејство со наслов „Нашиот крал“, на која како автор се јавува Роберт Џобсон. Во книгата се откриваат разни тајни и забелешки за членовите на семејството, од кои најголемо внимание привлекуваат оние за кралицата Елизабета.
Според книгата, кралицата Елизабета Втора мислела дека однесувањето на принц Хари и Меган Маркл било „прилично лудо“ и дека Хари бил „толку обземен“ од неговата љубов кон Меган што „му ја заматила неговата проценка“.
Од книгата се открива и забелешка за Кејт Мидлтон, каде што таа му кажала на постар член на кралското семејство дека правењето јавно шоу на единство било „една од најтешките работи што таа некогаш морала да ги направи“ поради обемот на негативните емоции.
Книгата исто така говори и за промената во односот меѓу принцот Вилијам и Хари, кој настана по драматичното интервју со водителката Опра во март 2021 година. Според авторот, Чарлс и Вилијам одлучиле дека не можат повторно да бидат сами со Хари поради објавувањето на тие информации.
Оваа книга, со бројни тајни и информации, го „стресе“ кралското семејство и предизвикува интерес на многумина.