Занимливости
Нова студија: Микропластика во крајбрежните води на Велика Британија – најголемо загадување во историјата
Нова студија покажува дека загадувањето со микропластика во крајбрежните води во Велика Британија е 100 пати поголемо од претходната студија од пред 6 години. Истражувањето е изведено од научници на Универзитетот во Портсмут, кои ги анализирале примероците земени од три веслачки тимови кои лани учествувале во британската трка GB Row Challenge, долга 3.200 км.
Според научниците, причината за покачувањето на загадувањето е поради тоа што помали честички од микропластика биле фатени во челичните филтри кои биле искористени за новата студија, што овозможило поточна анализа на нивото на загадување.
Освен во крајбрежните води, студијата покажува зголемено загадување со микропластика во реките, до 4-6 пати поголемо во Темза. Но, научниците исто така откриле дека методата на земање на примероци може да има влијание на резултатите.
Д-р Феј Кучеиро од Школата за градежност и геодезија при Универзитетот во Портсмут, вели дека загадувањето со микропластика е еден од најголемите предизвици на нашето време и дека големата количина микропластика може да предизвика негативни ефекти кај многу видови на животни, како што се намален раст, ненормален развој и токсични клетки.