По рекордните 300 милиони следбеници, Роналдо сега руши рекорди и во заработка на Инстаграм
Кристијано Роналдо неодамна стана првиот човек со над 300 милиони следбеници на Инстаграм.
Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо (36) се искачи на првото место кога станува збор за заработка од реклами на неговиот Инстаграм профил, и го надмина американскиот актер Двејн „Рок“ Џонсон.
Според „Hopper HQ“, компанија која се занимава маркетинг на социјалните мрежи, од изнајмувањето на рекламниот простор на Инстаграм, Роналдо може да заработи 1,6 милиони долари.
На второто место се симна Двејн Џонсон, кој има околу 250 милиони следбеници, и може да наплати околу 1,52 милиони долари, а на третото место е американската поп-пејачка Аријана Гранде којашто може да заработи 1,51 милиони долари.