Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пуштени во оптек новите монети од една фунта со ликот на британскиот крал

Занимливости

Пуштени во оптек новите монети од една фунта со ликот на британскиот крал

Првите монети од една фунта со ликот на британскиот крал Чарлс III.  влегоа во оптек како дел од колекцијата инспирирана од животни и растенија.

Најновиот дизајн, на кој се претставени две пчели, е издаден во пошти и банки, а речиси три милиони монети оваа недела ќе пристигнат во касите и џебовите на луѓето ширум земјата.

Сите видови вклучени во дизајните, надгледувани од кралот, се во активни програми за зачувување и прикажуваат флора и фауна од различни делови на Обединетото Кралство.

На едната страна од монетата од една фунта има пар британски пчели во чест на страста на кралот за зачувување на природата, а на другата страна е слика на Чарлс.

Ребека Морган, директорка во Кралската ковачница, изјави: „Кралската ковачница ковала монети на секој британски монарх од Алфред Велики и чест е да се открие дека монетата од една фунта на кралот Чарлс III сега е во оптек. Знаеме дека ќе има голема возбуда меѓу колекционерите и јавноста за да го добијат ова посебно парче од историјата. Се надеваме дека дизајните на сите деноминации ќе поттикнат важни разговори за зачувувањето на овие важни видови.“

Вкупно 2,975 милиони монети од една фунта издаваат банките и поштите, а ќе циркулираат заедно со оние со ликот на покојната кралица Елизабета Втора, кои ќе се заменат со текот на времето кога ќе се оштетат или истрошат.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.