Занимливости
RedNote „освојува“: 700.000 корисници за два дена по падот на TikTok
Новата „ѕвезда“ на социјалните медиуми, апликацијата RedNote, постигна огромен успех во рекордно време. Откако TikTok беше забранет во САД, оваа кинеска апликација забележа неверојатен пораст, привлекувајќи 700.000 нови корисници за само два дена.
Со масовниот одлив на корисници од TikTok, RedNote успеа да се истакне како најпопуларна алтернатива. Нејзините интуитивни функционалности и сличности со TikTok придонесоа за брзата адаптација на новите корисници.