Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Сезонски алергии – како да се заштитиме од поленовиот прав во домот?

Занимливости

Сезонски алергии – како да се заштитиме од поленовиот прав во домот?

Сезонски алергии – како да се заштитиме од поленовиот прав во домот?

Пролетта и летото носат уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со пријатниот мирис на расцутените дрвја, но на околу третина од Македонците им создава нервоза бидејќи пристигнуваат и сезонските алергии, најчесто предизвикани од поленовиот прав.

Поленот од цвеќињата, дрвјата и тревата предизвикува алергиски реакции кај 20-30% од македонското население, а со секоја измината година, бројот на засегнатите се зголемува. Иритирачките симптоми како кивање, растечен нос и насолзени очи кај некои лица се лесни и подносливи. Сепак, во ретки случаи може да доведат до астматична реакција. Затоа, многу е важно да не се игнорира потребата од консултација со стручни лица, особено кога станува збор за деца со поленска алергија.

Алергијата на поленов прав се манифестира преку симптоми како:

  • Кивање
  • Течна секреција од носот
  • Чешање или пецкање во очите, носот или грлото
  • Зацрвенети очи
  • Солзење на очите
  • Темни кругови околу очите
  • Кашлање

Иако е невозможно целосно да се заштитите од поленот, постојат едноставни начини кои можат да ви помогнат да ја намалите изложеноста на него.

Не е тешко малите честички на поленот да завршат во вашето живеалиште кога се невидливи за голото човечко око. Секогаш кога проветрувате, кога влегувате дома со истите обувки со кои пешачевте надвор или кога ја сушите облеката на отворено, вие го каните поленот на гости. Еве како да ја намалите неговата присутност во домот:

Чувајте ги прозорците и вратите затворени, особено во утринските часови. Иако проветрувањето ви изгледа како добра опција, во сезоната на поленот тоа може да значи влошување на симптомите на алергија. Користете клима уред и редовно менувајте ги филтрите за прочистување на воздухот. Најдобро време за проветрување се врнежливите денови и деновите со висока влажност во воздухот. Избегнувајте го проветрувањето во ветровити денови.

Чистете со правосмукалка и бришете прашина најмалку двапати неделно. Можеби не сте знаеле, но прашината во вашиот дом содржи и полен. За да го намалите интензитетот на симптомите, потребно е да ја минимизирате прашината во домот.
Забранете го пушењето во домот. Чадот од цигарите може да ги влоши симптомите на алергијата.

Сушете ја облеката и постелнината дома или во машина за сушење алишта. Поленот лесно се таложи на алиштата кога тие се сушат надвор.

Соблекувајте ги и чистете ги обувките пред да го пречекорите прагот. Не влегувајте со обувките дома, бидејќи на нив има полен кој подоцна може да ви ги дразни носот, очите и грлото. Соблекувајте ги обувките пред вратата.

Истуширајте се и променете ја облеката веднаш штом ќе влезете дома. Ако не планирате повторно да излегувате, влезете веднаш под тушот. Додека сте надвор, поленот се собира на вашата коса, кожа и на облеката, па ако не го отстраните, тој лесно може да заврши на вашата перница и да ви го уништи сонот во текот на ноќта. Доколку пак планирате повторно да излегувате, оставете го туширањето за добра ноќ.

Чистете го домашниот миленик пред да го пуштите во домот. Напролет, кучињата собираат полен на нивното крзно, па многумина погрешно сметаат дека се алергични на нивните влакна, кога единствено им пречи поленот. Пред да го пуштите вашето милениче дома, исчешлајте го или поминете по неговото крзно со влажна крпа. Ако пак немате време за тоа, забранете му да влегува во спалната соба.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.