Занимливости
Швајцарија на врвот на листата – ова се најскапите држави за просечен оброк во светот
Според последниот преглед на цените на оброците во евтините ресторани во земјите ширум светот, Швајцарија е прогласена за најскапа дестинација со просечни 28,99 долари за еден оброк. Најдолу на листата е Нигерија, каде просечната цена на оброк во евтин ресторан изнесува само 1,48 долари.
Меѓу земјите со највисоки цени се Данска, Соединетите Американски Држави, Луксембург, Белгија, Норвешка и Велика Британија. Во овие земји, просечниот оброк во евтин ресторан ќе ве кошта 18 долари или повеќе.
Што се однесува до Северна Македонија, нашата земја се наоѓа скоро на дното од листата, со просечна цена од 5,29 долари за оброк во евтин ресторан. Во регионот, Србија следи со просечни 7,42 долари, Хрватска со 10,84 долари, Бугарија со 9,44 долари, Босна и Херцеговина со 5,01 долар, а Грција е најскапата со 16,31 долари.
Најниските просечни цени на оброци во евтини ресторани се забележани во Пакистан, Бангладеш, Непал, Индонезија, Виетнам, Алжир, Малезија, Шри Ланка, Тајланд и Боливија, каде просечната цена изнесува околу 3 долари.
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.