Словенија прогласена за најчиста земја на светот
Словенија доби меѓународно признание за екологија и одржливост. Со преку 60% од територијата покриена со шуми, меѓународните институции утврдија дека Словенија исполнува 96 од 100 индикатори за одржливост, а меѓу задоволените индикатори се грижата за животната средина и климатските промени, биодиверзитетот, културната автентичност…
Инаку, во 2016 година, Љубљана ја понесе титулата за најзелен град во Европа. Со рециклирање на отпадот, таа е на трето место на листата 10 земји на ОЕЦД со најмногу рециклиран отпад, со воведување на јавни велосипеди, автобуси што користат природен гас и забрана за возење на автомобили во центрите на поголемите градови, успеа да ја намали емисијата на штетни гасови.
Според податоците, во Словенија има 20.000 видови животни и растенија кои непречено живеат во 40 национални паркови и резервати.