Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Squid Game“ стана најпопуларна серија во историјата на Нетфликс

Занимливости

„Squid Game“ стана најпопуларна серија во историјата на Нетфликс

„Squid Game“ стана најпопуларна серија во историјата на Нетфликс

Јужнокорејска серија „Squid Game“ за многу кратко време стана најпопуларна серија на платформата Нетфликс.

-„Squid Game“ официјално достигна 111 милиони фанови – што ја прави најпопуларна серија некогаш лансирана од нас – објавија од Нетфликс на својот Твитер профил.

Оваа хит серија зад себе ја остави „Bridgerton“ која го држеше рекордот со 82 милиони корисници кои ја погледнале серијата во првите 28 дена.

„Squid Game“ моментално се наоѓа на првото место на популарните Netflix ТВ листи во 94 земји, меѓу кои се наоѓа и САД.

Бројката од 111 милиони корисници е навистина импресивна, и покажува дека всушност повеќе од половина од вкупниот број претплатени следбеници кој изнесува 209 милиони ја погледнале оваа серија.

Серијата ја следи приказната за група од 456 луѓе кои се поканети да го ризикуваат животот во мистериозна игра која содржи смртносни верзии на корејски детски игри. Тие се борат за награден фонд од 45,6 милијарди вони (38,7 милиони американски долари).

 

 

 

 

 

 

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.