СРЕД НАТПРЕВАР НА „ВИМБЛДОН“: Аплауз и овации за професорката која ја разви вакцината „Астразенека“ (ВИДЕО)
За време на натпреварот од турнирот во тенис Вимблдон, кој денеска се одржа во Лондон, присутните гости одадоа почит на професорката која е главниот виновник за пронаоѓањето на вакцината АстраЗенека, Сара Гилберт, професорка од Универзитетот Оксфорд.
Имено, еминентната професорка била присутна во Кралската ложа на централниот терен пред мечот на Новак Ѓоковиќ и Џејк Дрејпер, а откако спикерот тоа и јавно го соопштил, публиката и оддала почит со едноминутен аплауз и овации.
An opening day on Centre Court with a difference…
A special moment as we say thank you to those who have played such an important role in the response to COVID-19#Wimbledon pic.twitter.com/16dW1kQ2nr
— Wimbledon (@Wimbledon) June 28, 2021
Минатата година Вимблдон не се одржа поради пандемијата на коронавирус.
Ѓоковиќ победи со 4:6, 6:1, 6:2, 6:2 на мечот од првото коло.