Занимливости
Студија: Откриена биолошка врска помеѓу прстите и „темната тријада“
Истражувачи од Канада обелоденија интересни резултати во последната студија, каде што се истражувала врската помеѓу должината на прстите и психијатриските проблеми. Според објавата во “Њујорк пост”, волонтерите со пократок показалец и подолг домал прст имале поголема веројатност за дијагностицирање со психијатриско нарушување.
Истражувачкиот тим го стартувал истражувањето, истакнувајќи дека постојат претходни истражувања кои поврзуваат пократок показалец со одредени особини, вклучувајќи ги и “темната тријада” – макијавелизам, нарцизам и психопатија.
Според студијата, луѓето со високи резултати на “темната тријада” можат да покажат силна ментална цврстина и одлични спортски резултати, но и да испокажат некои негативни карактеристики како нетолеранција кон неизвесност, вознемиреност и манипулативност.
Иако студијата дава интересни насоки, авторите на истражувањето истакнуваат дека луѓето со пократки показалци не треба да се алармираат, бидејќи оваа појава често се поврзува со сосема здрави луѓе.