Занимливости
Тајниот режим на Роналдо – јаде шест пати во денот и спие по 90 минути
Светот долго време ќе го помни моментот кога славниот Роналдо се обрати со пораката – „пијте вода“ и ги тргна шишињата Кока-кола од прес конференцијата на Еуро 2020.
Имено, португалскиот фудбалер воопшто не сака газирани пијалоци, а неговата исхрана вклучува само храна со највисок квалитет, која Роналдо ја јаде во шест помали порции во текот на денот.
Неговиот ден започнува со појадок, а потоа има два ручека, една закуска и две вечери. Иако за многумина би било чудно, тој за појадок обично јаде шунка и посно сирење, додека руча пилешко месо, салати, риба и маслинки. Закуската е, во зависност од денот, овошје или тост со авокадо. Вечера е повторно месо и зеленчук и риба со зеленчук.
– „Фокусиран сум на консумирање едноставна, интегрална храна како свежо овошје и зеленчук, цели зрна и протеини“, вели Кристијано.
Ако реши да си ја „почести“ душата со „нездрава“ храна, тоа е најчесто пица, но задолжително е по пицата да направи 500 стомачни вежби. Во неговата исхрана освен газираните пијалоци, строго е забранета и преработена храна, алкохол и слатки.
Роналдо многу внимава на тоа колку и кога спие. Неговата опсесија оди дотаму што за неговиот сон се грижи Ник Литлхалес, кој открива дека фудбалерот спие по 90 минути пет или шест пати на ден. На овој начин, тој спие помалку, но го забрзува закрепнувањето, објасни еднаш Литхалс.