Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Вог“ со остра критика за стајлингот на Меланија Трамп: „Изгледа како вештерка“

Занимливости

„Вог“ со остра критика за стајлингот на Меланија Трамп: „Изгледа како вештерка“

Меланија Трамп, сопругата на Доналд Трамп, повторно е во центарот на модните дебати, откако магазинот „Вог“ жестоко го искоментира нејзиниот нов официјален портрет.

Фотографија што предизвика бура реакции

На фотографијата, која Белата куќа ја објави на 27 јануари, Меланија носи црн смокинг од „Долче и Габана“, комбиниран со бела кошула и елегантен ремен. Иако многумина го пофалија нејзиниот изглед, „Вог“ го нарече „непримерен“ за првата дама.

Маркетинг

„Изборот на смокинг наместо класично сако или блуза ја прави да изгледа повеќе како магионичар отколку како прва дама,“ напиша Хана Џексон, моден новинар во „Вог“.

Моден избор или политичка порака?

Ова не е првпат „Вог“ да биде критичен кон Меланија Трамп. Додека поранешните први дами редовно се појавуваа на насловната страница на магазинот, Меланија беше игнорирана во текот на претседателскиот мандат на Трамп.

Дополнително, магазинот ја спореди фотографијата со естетиката на реалните шоуа, алудирајќи на фактот дека Трамп долги години го водеше „The Apprentice“.

„Овој портрет повеќе изгледа како сцена од ‘The Apprentice’, отколку како официјален приказ на првата дама,“ наведува „Вог“.

Политиката и модата – нераздвоен тандем

Многумина ова го гледаат како уште еден обид за политичка дискредитација, имајќи предвид дека „Вог“ традиционално е поблизок до Демократската партија. Главната уредничка, Ана Винтур, е позната како отворен поддржувач на демократите, а дури се шпекулираше дека би можела да добие амбасадорска функција во времето на Обама.

Додека модниот магазин сугерира дека Трамп го користи својот стил за да испрати порака, нејзините поддржувачи сметаат дека критиките се неосновани и пристрасни.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.