Занимливости
„Жежок бакнеж“ меѓу Бергузар Корел и Кенан Имирзалиоглу, се огласи сопругот
Халит Ергенч одговори на коментарите кои ги преплавија социјалните мрежи по сцените каде неговата сопруга е во страсна прегратка со згодниот актер Кенан Имирзалиоглу.
Сцените кои ја разбрануваа јавноста се од популарната серија Карадај во која Бергузар ја толкува улогата на преубавата судијка Фериде која се вљубува во синот на човекот што го суди, Махир Кара толкуван од Кенан.
“Мојата сопруга Бергузар Корел е актерка. Не можам да кажам дека се работи за бакнување затоа што тоа е сцена, дел од улогата. И јас како актер сум бакнал многу жени затоа што тоа било така предвидено во сценариото. Никогаш не би и се мешал на Бергузар во изборот на улоги врз основа на тоа дали има или не бакнување во сценариото. Тоа би значело дека не и верувам – изјави Халит кого македонската јавност го засака како Онур од „1001 ноќ“, а го обожуваше во улогата на Султанот Сулејман во „Величествениот век“.
Бергузар и Халит се запознаа на снимањето на серијата „1001 ноќ“ каде и се вљубија токму како и ликовите што ги толкуваа, Онур и Шехерзад. Набрзо стапија во брак и го добија синот Али, а ова лето по вторпат станаа родители и на синот му дадоа име Хан.
Повеке од деценија се во срекен брак, а за довербата меѓу нив говори и категоричната изјава на Халит во врска со љубовните сцени меѓу Кенан и Бергузар
Во врска со истите сцени, во едно интервју Бергузар кратко изјави дека иако смета дека е бесмислено сепак свесна е дека сексуалноста сеуште привлекува внимание насекаде во светот.
Партнерот на Бергузар од серијата Карадај, популарниот и посакуван турски актер Кенан Имирзалиоглу, кого го знаеме и од мегапопуларната серија Езел, воопшто не се огласи на темата.
Воодушевувачката љубовна приказна на Махир Кара и Фериде може да ја следите на TDC секој ден на операторот А1. Сакате да уживате во Карадај, побарајте го TDC на вашиот оператор.