Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета го слави нејзиниот платинест јубилеј

Магазин

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета го слави нејзиниот платинест јубилеј

Кралицата Елизабета Втора е британскиот владетел со најдолг стаж и оваа година кога одбележува седум децении владеење, целата нација го слави нејзиниот платинест јубилеј од 2 до 5 јуни. Четиридневната церемонија ќе биде одбележана со воени паради, бројни концерти, раскошни гозби и свечени поворки во чест на кралицата.

Илјадници луѓе со нетрпение го очекуваа почетокот на прославата на платинестиот јубилеј, а некои дури ноќта ја минале и во шатори пред Бакингемската палата. Меѓу овие луѓе не се само Британците, туку и жителите на многу други земји во Европа и светот кои сакале да присуствуваат на овој дел од историјата, пишува Би-Би-Си.

Исто така, на првиот ден од прославата присуствуваат новинари од различни медиуми ширум светот кои дојдоа да ја снимаат ситуацијата во Лондон.

Околу 11 часот започна церемонијата „Trooping the Colour“, односно свечената воена парада, со што официјално беше отворена прославата на јубилејот од владеењето на кралицата Елизабета Втора.

Помалку од еден час подоцна, војвотката од Корнвол, Камила Паркер Боулс, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон и нејзините деца Џорџ, Шарлот и Луис, влегоа во кочија и се упатија кон местото на воената парада.

Меѓу насобраните граѓани беше и премиерот на Велика Британија Борис Џонсон и неговата сопруга.

Облечена во виолетово-бел костим, кои се официјалните бои на платинестиот јубилеј кралицата Елизабета Втора изврши своевидна проверка на корпусот.

Потоа на балконот ѝ се придружија и други членови на британското кралско семејство.

Стотици илјади луѓе имаа можност заедно да набљудуваат четири генерации на кралското семејство.

Точно напладне по средноевропско време започна традиционалниот лет на авионите на британската кралска авијација над Бакингемската палата како дел од роденденот и јубилејот на кралицата.

Вниманието на овој свечен настан го украдоа трите дечиња на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

На денешната парада за првпат по две години  Меган и Хари се вратија за да присуствуваат на парадата. Тие  беа фотографирани додека разговараа со некои од кралските деца. Сепак, Меган и Хари не се придружија кралското семејство на балконот за да ја проследат парадата.

Во петок во лондонската катедрала St. Paul ќе се одржи служба на благодарност, додека членовите на кралското семејство во сабота ќе присуствуваат на коњичките трки на познатото дерби Епс.

Подоцна ќе се одржи концерт пред Бакингемската палата каде ќе настапат рок групата Квин и американските пејачки Алиша Кис и Дијана Рос.

Официјални лица проценуваат дека во недела во Британија ќе се одржат повеќе од 16.000 улични прослави, а владата најави дека ќе се одржат околу 600 „Големи јубилејни ручеци“ во 80 земји, од Гренланд до Нов Зеланд, додека прославите се очекува да завршат со свечена поворка низ британската престолнина, според Ројтерс.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.