Магазин
Започна судењето по тужба на Ванеса Брајант поради фотографии од хеликоптерската несреќа
Во Калифорнија започнува судскиот процес во врска со тужбата што ја поднесе Ванеса Брајант, вдовицата на познатиот кошаркар Коби Брајант, против припадниците на полицијата и пожарникари на округот Лос Анџелес.
Воведните изјави на судењето започнаа вчера попладне. Се очекува судењето да трае околу две недели. Порота составена од шест женски и четири машки лица е избрана за тужбата на Ванеса Брајант против округот Лос Анџелес.
Правните застапници на 40-годишната Ванеса Брајант на почетокот на судењето истакнаа дека полицајците си испраќале слики од местото на хеликоптерската несреќа „за забава“.
Vanessa Bryant dissolved into tears as her lawyer addressed the jury in opening statements, saying the 8 L.A. County Sheriff's deputies who took photos of the bodies of her husband and child took the pictures "for a laugh like they were souvenirs." https://t.co/ju4X3d37i1
— TMZ (@TMZ) August 10, 2022
Ванеса Брајант, вдовицата на Коби Брајант, доживеа емоционален слом додека нејзиниот адвокат раскажуваше како службите за итни случаи јавно прикажувале фотографии од нејзиниот покоен сопруг и ќерка од местото на несреќата. Ванеса плачела во судницата додека нејзиниот адвокат опишува како замениците на шерифот и пожарникарите им делеле слики од НБА ѕвездата на луѓето во бар во Калифорнија само два дена по неговата смрт.
Ванеса поднесе тужба за нарушување на приватноста од повеќе милиони долари против Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес поради објавените фотографии. Таа тврди дека претрпела сериозни емоционални оштетувања и физички се разболела од помислата на непознати лица кои „зјапаат“ во сликите на нејзиниот мртов сопруг и ќерка.
Ожалостената мајка и сопруга тврди дека спасувачите не ги направиле фотографиите за истражни цели, туку „за нивно задоволство“.
Фотографиите од посмртните останки на Џана и Коби биле проследени до најмалку 28 уреди на одделот на шерифот и од најмалку десетина пожарникари, се наведува во тужбата.
Адвокатот на Ванеса, Луис Ли, изјави пред 10-члената порота дека полицајците „ја искористиле несреќата“ фотографирајќи и споделувајќи слики од Коби и Џиана.
Ли ја започна својата презентација прикажувајќи видео од заменикот Џои Круз како седи во бар во Калифорнија. На него се гледа како полицаецот на мобилниот телефон му покажува нешто на шанкерот. Вработениот се одвратил од страшната глетка и си заминал.
Ванеса претходно одбила 2,5 милиони долари за да се договори со државата и продолжи да ја бара правдата.