Ви препорачуваме
Заштитете го бебето од студот, но не го затворајте дома
Се додека бебето нема температура, без разлика колку е студено надвор, треба да се води на прошетка секој ден, препорачуваат експертите.
Студениот воздух може да помогне и за намалување на отокот на слузницата, доколку бебето е малку настинато. Сепак, облеката на бебето мора да биде прилагодена. Со оглед дека малото тело не може да ја задржи температурата, постои опасност од негово брзо оладување. Тоа се спречува со соодветна облека и тоа во слоеви, бидејќи повеќе слоеви греат повеќе отколку едно дебело парче облека. За најстудените зимски денови преорачливо е бебето да биде ставено и во зимска вреќа за спиење.
За студот да не влезе во бебешката количка, таа може да се изолира со стиропор или изолациска ткаенина, која ќе се стави под бебето. Тоа ќе спречи студот да доаѓа одоздола и да го лади рбетниот столб на бебето.
Но, младите родители вообичаено многу се грижат за студот, па детето го облекуваат премногу топло. Тоа најчесто се случува кога надвор е сончево и иако е зима, сепак не е премногу студено. Во тој случај треба да се допре вратот на бебето и доколку тој е топол и влажен треба да се отстрани еден слој од неговата облека.