Занимливости
Жена на своето куче во наследство му остави 2,5 милиони долари
Една постара италијанска дама, целиот свој имот во вредност од 2,5 милиони долари го препиша на нејзиното сакано куче. Одлуката на 84-годишната жена, која живее со ќерката и неколку внуци, ја соопшти нејзиниот адвокат Лучио Еспосито.
Според тестаментот, нејзиното куче Кико ќе наследи два стана, неколку имоти и повеќе сметки во банка. Според зборовите на адвокатот, госпоѓата оваа одлука ја донела брзо после смртта на нејзиниот сопруг. Адвокатот рече дека тестаментот го потпишала своерачно.
Според италијанскиот закон, оставањето имот на домашни миленичиња нема правна основа. Лицата кои сакаат својот имот да го остават на некое маче или куче, мораат да одредат извршител на својот тестамент, кој може да биде приватно лице или организација. Извршителот е должен да обезбеди квалитетен живот на миленичето откако ќе го добие пристапот кон средствата.