Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЗИМАТА ДОЈДЕ: По 37 години падна снег во Сахара

Занимливости

ЗИМАТА ДОЈДЕ: По 37 години падна снег во Сахара

Во малиот алжирски град Аин Сефри во пустината Сахара синоќа падна снег и тоа првпат од 1979 година.

Аматерскиот фотограф Карим Бучетата ги забележал со фотоапаратот неверојатните сцени на сахарскиот песок покриен со снег.

Локалните жители биле изненадени и изјавиле дека снежната покривка се задржала во текот на целиот ден.

Последен пат за снегот тука падна во февруари 1979 година, кога снежната бура траела цел половина час.

– Изгледаше неверојатно. Сите стоеја и го гледаа паѓањето на снегот, имајќи предвид дека во пустина тоа е ретка појава, рече Карим.

Сахара го покрива речиси целиот дел од  северна Африка и последните неколку стотици илјади години поминала низ различни промени. Се очекува дека повторно ќе стане плодна почва за 15.000 години.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.