Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Зоолошката градина во Скопје доби нови морски лавови и мал фламинго

Занимливости

Зоолошката градина во Скопје доби нови морски лавови и мал фламинго

Ново живеалиште за морските лавови и мал фламинго беа промовирани денеска во Зоолошката градина во Скопје. Со изградбата на новото живеалиште за морските лавови и мал фламинго се обезбедуваат соодветни услови за животните кои во голема мерка одговараат и се приближни на условите за живот во нивната природна средина.

На промоцијата на живеалиштата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, портпаролот на Зоолошката градина, Дане Кузмановски, директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, директорот на ЈП „Улици и патишта” Синиша Ивановски, како и голем број на членови на Советот на Град Скопје.

– Со изградбата на овие живеалишта и денешното претставување на морските лавови, Зоолошката градина во Скопје добива уште една нова атрактивна содржина за своите посетители. Би сакал да им честитам и на луѓето од Зоолошката градина кои изминативе неколку години, преку макотрпна работа успеаја зоолошката градина да ја претворат во една од најпосетуваните места во Скопје. Град Скопје изминативе неколку години инвестираше големи финансиски средства за изградба на живеалишта во Зоолошката градини и ние оваа поддршка ќе продолжиме да ја даваме и во иднина, изјави Трајановски.

12047120_891561240934921_4840076599970864885_n[1]

Живеалиштето на морските лавови и мал фламинго е лоцирано на југоисточниот дел во зоолошката градина. Базенот со вода, како основен дел од живеалиштето е со зафатнина од 450 м3. За квалитет на водата е воспоставен циркулационен круг низ регулациона шахта, пумпна станица за нечиста вода, пречистителна станица за отпадни води, резервоар за пречистена вода, самоиспирачки автоматски филтер, циркулациони пупми, УВ стерилизатор за дезинфекција на водата, дозатор на сол…

Овој проект е финансиран со средства од ЈУ “Зоолошка градина Скопје”, како и од донации од Државна лотарија на Македонија и Агенцијата за електронски комуникации. Хортикултурното уредување на просторот околу живеалиштето е уредено од страна на ЈП „Улици и патишта”, ЈП „Паркови и зеленило“, ЈП „Комунална хигиена”…

Вкупната инвестиција за изградбата на овие живеалишта изнесува 6.358.082 денари.

Покрај новите живеалишта, денеска во Зоолошката градина беше промовиран и новиот мултифункционален едукативен центар на Зоолошката градина, кое всушност претставува адаптација и надградба на старото живеалиште на нилскиот коњ.

– Новиот мултифункционален едукативен центар на Зоолошката градина ќе се користи како едукативен центар за деца и млади, информативен центар за посетителите. Може да се користи и како игротека, а во него ќе може да се одржуваат разни предавања, семинари и состаноци. Проектот за новиот мултуфункциски објект во Зоолошката градина го изработија Филип Богатинов и Проектанското биро при СГГУГС „Здравко Цветковски”, изјави Кузмановски.

Израдбата на мултуфункциски објект во Зоолошката градина е финансирана од сопствени средства на ЈУ „Зоолошка Градина Скопје”, за што се издвоени 5.747.847 денари.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.