Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Зошто се менува бојата на очите кај бебињата?

Занимливости

Зошто се менува бојата на очите кај бебињата?

Бојата на очите е наследна и зависи од родителите, но и од бабите и дедовците. Бебињата од бела раса најчесто се раѓаат со сини или сиви очи, а останатите речиси секогаш имаат темни очи.

Важен фактор при одредувањето на бојата на очите, е меланинот – пигмент кој ја определува и бојата на кожата, на косата, и кој реагира на сончевата светлина. Тоа влијае на потемнувањето на кожата, а можеби и на промена на бојата на очите на бебето, посочуваат новите истражувања.

Луѓето кои имаат помало количество од овој пигмент во себе, имаат сини или сиви очи, а оние кои го имаат во малку поголемо количество – зелени, кафени и црни очи.

По раѓањето, без разлика на генетиката, бебето произведува малку меланин,  па затоа повеќето имаат сини или сиви очи. Како што бебето е поизложено на светлина, расте и лачи меланин, бојата на очите се менува.

Тоа обично се случува до шест месечна возраст, но може да трае и до третата година и подоцна, но со помал интензитет и секогаш промената е – од посветло кон потемно. Односно, кафените и костенливи очи не може повторно да станат сини.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.