Мобилни
АЕК: Спојувањето на ВИП и ОНЕ нема да ја зголеми цената
Можното спојување на двата мобилни оператори ВИП и ОНЕ нема да доведе до зголемување на цената за минута разговор, уверуваат од Агенцијата за електронски комуникации.
Директорот Роберт Орданоски одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција истакна дека АЕК е подготвен за сите можни сценарија доколку дојде до спојување на двата оператора и оти тоа нема да влијае врз сегашната цена за минута разговор.
– Очекуваме Комисијата за заштита од конкуренцијата во законски утврдениот рок да се изјасни по повод иницијативата за спојување. АЕК е спремен за сите можни сценарија. Гарантираме дека моменталната цена од минута разговор од околу еден денар нема да се зголеми. АЕК како регулаторно тело ја има моќта да ја држи таа цена под контрола и ги уверувам граѓаните таа цена нема шанси да се зголеми, истакна Ордановски.