Интернет
Апликацијата Скајп утрово повторно достапна за сите корисници ширум светот
Популарната апликација за комуникации Скајп утрово ја обнови нормалната работа, по сериозните проблеми и прекини во текот на вчерашниот ден.
– Мило ни е што можеме да соопштиме дека сервисот Скајп во целост работи, се наведува во официјалниот твит на компанијата.
На сите оние кои вчераа сакаа да се вклучат на Скајп им се појавуваа пораките: „Моментно сме преоптеретени… Ве молиме обидете се подоцна“ или „Симнете го Скајп за користење во кое било време“.
Службата за поддршка на компанијата тогаш соопшти дека е свесна за проблемот кој се појавуба и дека се работи на негово отстранување.
Причините за вчерашниот „проблем“ засега не се соопштени.