Интернет
Апликации за подобра интернет врска
Кога ви треба брз интернет, а конекцијата на смартфонот е слаба, корисно е при рака да имате некои од овие апликации за Андроид.
Google Go е верзија на добро познатата апликација на Гугл, прилагодена за Андроид оперативниот систем. Смарт-програмата има вградено гласовно управување и избор на јазик.
Datally е алатка за следење и уредување податоци, поддржан од вештачка интелигенција. Овозможува и блокирање апликации и сервиси кои ви ги „крадат” податоците, како и приказ на најблиските ви-фи мрежи.
Opera Max е бесплатна услуга што ни помага за намалување на трошењето интернет.
Facebook Lite служи за стриминг во живо, како и управување со групи и страници.
Messenger Lite ги блокира рекламите, чет-ботовите и опцијата Сторис, за „побезгрижен“ чет.
YouTube Go е апликација за побрзо симнување и споделување видеа.
NetGuard е апликација за Фајрвол што нуди целосен преглед на тоа кои апликации трошат најмногу интернет.