Мобилни
Apple за три дена продаде 13 милиони iPhone 6S и 6S Plus!
Американската компанија „Епл“ оствари нова рекордна продажба по претставуавњето на моделите АјФон 6С и 6С Плус.
Епл за три дена од претставувањето на АјФон 6С и 6С продаде 13 милиони примероци.
АјФон 6С и 6С Плус го продолжуваат трендот на поместување на бројот на продадени уреди во првиет три дена од нивното претставување на пазарот. Минатата година продадени се 10 милиони примероци на АјФон 6 и 6 Плус, а една година претходно 9 милиони примерови од 5С и 5Ц.
Моделот АјФон 5 во првиот викенд од претствувањето е продаден во 5 милиони примероци.
Секој С модел е продаден во повеќе примероци од својот претходник. Ова е првпат продажбата од првиот ден да почне и во Кина.