Мобилни
Apple започнува со производство на новиот iPhone
Американската компанија „Apple“ почна со производство на следната генерација на iPhone мобилни телефони, што ќе го носи името iPhone 6S или iPhone 7.
Освен хардверски подобрувања како камера од 12 мегапиксели, новиот модел ќе добие и ForceTouch технологија што претходно беше претставена на Apple Watch и Mac Book преносниот компјутер.
Станува збор за технологија што може да регистрира јачина на допир на прстите на екранот, а во иднина би можела да внесува и низа други нови функции на телефонот, преку разни апликации.
Новиот уред на пазарот би требало да се најде во септември годинава.