Наука
Автономната зона оправдана – битката на студентите продолжува
Од Студентскиот пленум информираат дека нивната битка за подобрување на условите на студентите продолжува.
„Ја добивме битката, но не и војната. Дури сега ќе почне да се пишува новиот закон, а во меѓувреме не ги забораваме ниту останатите проблеми во образованието како лошите студентски домови, привилегираноста на одредени личности, непотребните давачки како ИКСА, корумпираните студентски парламенти…“, информираат од Студентски пленум на нивната Фејсбук страна.
Од Студентски пленум најавуваат и дека и покрај тековните случувања и (најавениот) прекинат бојкот на наставата, Автономна зона продолжува и понатаму.