Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Апликацијата „Селектирај отпад“ ќе го собере твојот селектиран отпад од дома

Creative

Апликацијата „Селектирај отпад“ ќе го собере твојот селектиран отпад од дома

Сигурно познаваш личности кои се дел од светскиот тренд на селектирање отпад или пак токму ти си еден од нив. Сметаш дека македонската свест расте, но фактите го зборуваат спротивното. Не и после „Селектирај Отпад”. 

„Селектирај отпад“ е апликација за собирање на селектираниот отпад од твојот дом. Нашата замисла е да ги мотивираме граѓаните активно да се вклучат во процесот на селектирањето и унапредување на квалитетот на животната средина.

„Селектирај отпад“ е првата апликација во државата, регионот и пошироко која ќе го промени начинот на собирање и селектирање на отпадот директно од твоето домаќинство. За вас ентузијастите кои сакате да селектирате пластика, хартија и лименки, апликацијата ќе биде одличен начин да направите позитивен импакт на животната средина, а во исто време ќе имате личен паричен бенефит од својата акција.

Едноставна, иновативна и ефикасна, апликацијата лесно ќе го поврзе твоето домаќинство со компаниите кои собираат селектиран отпад во 5 брзи чекори:

  1. Побарај кеса преку апликацијата
  2. Подигни ја кесата од најавената локација
  3. Наполни ја со правилно селектиран отпад
  4. Скенирај го QR кодот како знак за полна кеса
  5. Предај ја на колективен собирач и добиј поени

Во соработка со ПАКОМАК, ГРИНТЕХ и Фабрика Карпош, ќе биде лансирана тест верзија (бета-верзија) од апликацијата „Селектирај отпад“, пред сè наменета за лицата кои живеат во населбата Александрија. Сепак, како корисници на апликацијата ве покануваме сите да бидете дел од еко-движењето и да ја симнете апликацијата, креирајте свој профил, подигнете кеса и предадете ја со правилно селектиран отпад на одредените денови и термини во населба Александрија. 

Собраните поени од селектираниот отпад на твојот профил ќе може да ги користиш на нашето „Тркало на отпадот“ каде ќе имаш шанса да добиеш вредни ваучери. Доколку си еко-фраер повеќе од останатите, ќе имаш можност да го прочиташ твоето име во првите 10 лица на ранг листата каде имаш загарантирана парична награда.

Ајде во тест периодот од 3 месеци на апликацијата „Селектирај отпад“ да покажеме дека нашата свест е на повисоко ниво и дека можеме да бидеме еко-населба, еко-град, еко-држава… За нас и за нашите деца. Најважно, после успешната бета-верзија од апликацијата, „Селектирај отпад“ планира официјално лансирање на својата финална верзија во октомври 2021 година. Ние веруваме дека ќе покажеме колку многу можеме заедно!

Се гледаме во населба Александрија! Таму секој има шанса да направи импакт.

За да започнете со селектирање одете на www.selektirajotpad.mk.

Повеќе од Creative

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.