Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Гејтс убеден дека автономните возила се иднината на транспортот (ВИДЕО)

Creative

Гејтс убеден дека автономните возила се иднината на транспортот (ВИДЕО)

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, изјави дека автономните возила ќе го променат транспортот исто толку драстично колку што компјутерот го променил канцелариското работење. Оваа изјава ја даде Гејтс откако лично го доживеа автономното возење во електричен Jaguar I-Pace, опремен со систем за автономно возење потпишан од Wayve.

Со ова искуство, Гејтс сфати колкави се предизвиците во креирањето на системи за автономно возење и забележа дека системот на Wayve учи во реално време, со што е способен да реагира на неочекувани ситуации во сообраќајот. Според неговите реакции, системот совршено ги исполнува своите задачи.

Гејтс смета дека автономните возила треба да ги заменат специјализираните возила, како што се доставувачите или такси возилата, а на крајот и патничките. Сепак, потребно е да се прилагоди софтверот за да се осигура безбедноста на патниците.

Иако оваа технологија уште има простор за развој, но, Гејтс верува дека автономното возење ќе го промени транспортот и ќе создаде безбедна и удобна алтернатива за патниците.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Creative

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.