Creative
„Level Up Experience“ – Најголемото гејмерско доживување во Македонија
Овој викенд, во Дајмонд Мол во Скопје, се одржа „Level Up Experience“ – најголемото гејмерско доживување во Македонија, организирано од „Анхоч“ и онлајн медиумот „Комикс МК“. Настанот ги обедини гејмерите и фановите, кои успеаја да кренат уште еден левел!
Гејмерите ги тестираа своите вештини и знаења во натпревари од популарни игри како League of Legends, Street Fighter 6, Mario Kart 8, Brawl Stars и Pokemon Go. Дополнително, настанот беше збогатен со возбудливи активности и изненадувања за сите посетители.