Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Реализирај ја твојата бизнис идеја за само 54 часа на Startup Weekend Skopje

Creative

Реализирај ја твојата бизнис идеја за само 54 часа на Startup Weekend Skopje

Реализирај ја твојата бизнис идеја за само 54 часа на Startup Weekend Skopje

Дали имаш бизнис идеја со голем потенцијал за успех?

Или смислен проект  но никогаш не си имал време и тим за да го реализираш? Startup Weekend Skopje е местото на кое може да го направиш токму тоа. Како учесник, за само 52 часа, ќе можеш да најдеш истомисленици со кои ќе оформиш тим, и заедно ќе ја реализирате и тестирате идејата. Ќе имате и можност да слушнете мислење од искусни професионалци, а најдобрите идеи, ќе освојат вредни награди. 

Стартап Викенд Скопје 2019 ќе се одржи во Инофеит, на викендот од 29 ноември до 1 декември. Секој може да учествува на Startup Weekend Skopje, но има само 50 слободни места и треба да бидеш брз за да го обезбедиш твоето. 

Многу големи компании почнале токму вака, на Startup Weekend. И ти можеш да го започнеш твојот стартап бизнис во било која област, исто како нив. Единствениот услов е идејата да биде нова, односно не нешто на кое си работел претходно. 

Време да и дадеш можност на твојата идеја да стане реалност! Подготви се за викенд со многу работа, дружење, учење и забава, и сам или со тим, обезбеди го твоето место додека картите се достапни по промотивна цена тука!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Creative

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.