Мобилни
„Дејталај“ апликација што открива што во смартфонот троши најмногу интернет (ВИДЕО)
Гугл ја претстави својата апликација „Дејталај“, што ќе Ви кажува кои програми на Вашиот смартфон трошат најмногу интернет.
Програмата ќе може да им покаже на корисниците кои апликации во телефонот црпат најмногу податоци и да предлага Ви-Фи мрежи во близина. Има и опција за прекинување на преност на податоци за одредена прогама.
„Дејталај“ е дел од инцијативата „Наредните милијарда корисници“ на Гугл, која има за цел ограничување на непотребниот интернет сообраќај.
Самата апликација ќе зафаќа само шест мегабајти простор во телефонот.