Интернет
Денеска се одбележува Денот на социјалните медиуми
Интернет заедницата во Македонија денеска четврти пат ќе го одбележи Денот на социјалните медиуми.
Целта е да придонесат кон афирмирање на употребата на социјалните медиуми, а според програмата ќе говорат активни твитерџии, граѓански активисти и претприемачи кои ќе ги споделат своите знаења и позитивни искуства од своите кампањи.
Денот на социјалните медиуми во Македонија се одбележува секоја година на крајот на јуни во сите поголеми градови.