Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дизајнирај разгледница која повикува на младинскиот активизам и освој таблет компјутер!

Creative

Дизајнирај разгледница која повикува на младинскиот активизам и освој таблет компјутер!

Милениумските развојни цели (MDG) завршуваат во 2015-та година и затоа во септември 2015-та година, Обединетите Нации ќе договорат и ќе усвојат рамка која ќе ги наследи милениумските развојни цели преточувајќи ги во цели за одржлив развој.

Меѓународната заедница и засегнатите страни, како што се владите на земјите- членки на ОН, агенциите на ОН и граѓанските организации, во многубројни процеси ги формулираат новите развојни цели.

Конкурсот за дизајн на младински разгледници е дел од втората фаза на националната кампања „Идеите ги споделувам гласно” во рамки на „Youth Voice“ – регионалната кампања која го застапува гласот на младите во развојната агенда на Обединетите Нации.

Целта на конкурсот е да ги инспирира младите креативно да се изразат на зададената тема, и понатаму преку печатење и дистрибуција на победничкото решение да им овозможи на младите да ги споделат своите мислења и ставови за светот каков што го посакуваат.

Конкурсот трае до 5 август 2015г. Креативното решение, согласно пропишаните спецификации, треба да се прати на [email protected] , при што ќе добиете потврда за успешно примање на решението.

Задолжитено со праќањето на решението треба да се достават и следните информации за авторот: име и презиме, возраст и контакт телефон.

razglednica_Y-PEER

Со испраќање на идејните решенија, авторите се согласуваат да бидат објавувани во печатена или електронска форма за потребите на организаторот на конкурсот.

Победникот ќе биде објавен на настанот за одбележување на Меѓународниот ден на млади-12 август.

Креативното решение за разгледниците кое најубедливо ќе ја комуницира целта на конкурсот, ќе биде избрано од страна на тим од претставници од областа на младинска работа,младински активизам и графички дизајн.

Наградатa за победничкото решение е Pen Tablet Pro, и, се разбира, печатење на разгледницата со победничкото решение во тираж потребен за кампањата.

Разгледницата треба да повикува на младинско вклучување и учество при создавањето на развојните политики на светско ниво. Разгледницата треба да комуницира младински дух, креативност, здружено делување, посветеност и енергија и да го слави гласот на младите.

Повикот е наменет за сите млади до 29 години од Македонија

Визуелното изразување е слободно, можат да се користат различни техники како графички дизајн, илустрација, фотографија, други визуелни техники и/или текст. Разгледницата треба да е дизјанирана во димензии (105mm × 148mm).

Решението треба да се достави во еден од следните формати AI, EPS, PDF (со задолжителен приказ во JPG )
Доколку визуелното решение е фотографија, да се достави во 300 DPI

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Creative

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.