Мобилни
Доаѓа новиот Ајфон 8
Koмпанијата Eпл во септември ќе го претстави својот нов „Ајфон 8“, кој ќе ни донесе редица иновации, како што е, на пример – препознавањето лица, за што на уредот ќе му биде потребен само дел од секундата.
Новиот скенер за препознавање лица содржи 3Д сензори, и може подробно да го анализира лицето на корисникот „за милионитинки од секундата“. 3Д сензорите се наоѓаат и на предниот и на задниот дел на направата. Овој метод ќе се користи и за „Епл пеј“ платежните услуги, пишува „Кориан Хералд“.
Меѓу другите новитети е и бежичното полнење, коешто ќе биде побрзо и поштедливо од претходно.
Таканаречениот „Тач ИД“ сензор за отпечатоци од прсти, нема да биде дел новиот смартфон.