Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Експерт од светскиот софтверски гигант „SAP“ ги обучуваше македонските студенти

Наука

Експерт од светскиот софтверски гигант „SAP“ ги обучуваше македонските студенти

Изминатите денови Рана Чакрабарти од Пало Алто, Калифорнија, САД, кој е експерт за кориснички искуства од светскиот софтверски гигант „SAP“ и лидер во корпоративни иновации работеше со пет македонски компании и група од 30-тина студенти со цел креирање на иновации кои во фокусот го ставаат корисникот и ја зголемуваат конкурентноста на производите и услугите на компаниите на регионалните и глобалните пазари.

Производите на кои што се работеше беа од три индустрии кои се очекува да имаат експоненцијален раст во следните три до пет години и тоа „Персонализирана медицина и генетика“, „Вештачка интелигенција и развој на софтвер“ и „Идни модели во
образованието“.

Рана Чакрабарти од гигантот „SAP“ во Македонија дојде на покана на „Њуменс бизнис акцелераторот“ во чии простории се организираше и работилницата, а со поддршка на Програмата за претприемништво на Владата на Швајцарија – „SwissEP“ софтверската компанија „SAP“ стана спонзор и на натпреварот „НАСА Спејс апс челинџ“ кој што акцелераторот го организира во Македонија веќе 3 години по ред.

„SAP“ ова лето отвори и повеќе милионски фонд за инвестирање токму во решенија на млади претприемачи и стартап тимови од Европа и САД.

Оттука во следните два дена експертот ќе се фокусира на работа со македонски стартапи и млади претприемачи на кои ќе им помогне да креираат кориснички мапи и сценарија за одлични искуства, чекор по чекор да го преиспитаат секој аспект на нивниот производ и да ги откријат проблематичните точки, како и да развијат атрактивна приказна за проблемот што го решава нивниот производ или услуга.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.