Еминентни гости од областа на проектниот менаџмент гостуваа на самит во Охрид (ФОТО)
Еминенти гости од областа на проектниот менаџмент минатиот викенд гостуваа во Охрид на првиот балкански лидершип самит.
На дводневната конференција, која се одржа во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, беа споделени искуства за тимскиот лидершип и водењето на проекти, а за првпат во државата гостуваше член на елитниот борд „ПМИ Глобал“, Томас Валента, експерт со долгогодишно проект менаџмент искуство, кој ја отвори конференцијата.
Градоначалникот на општина Охрид ги поздрави присустните со голема благодарност дека го избрале Охрид како град-домаќин на самитот и испрати порака за потенцирање на важноста на проектниот менаџмент во модерниот свет.
Инаку, Project Management Institute® (PMI®) е најголемата светска асоцијација за проект менаџери, со преку 600,000 сертифицирани експерти и 450,000 членови во повеќе од 200 земји.
Како најмлад огранок на ПМИ на балканот, локалниот огранок на ПМИ Македонија ја доби таа чест да го организира првиот балкански проектен лидершип самит, во организацијата на самитот имаме целосна поддршка од ПМИ ограноците од Балканот, коишто функционираат на овие простори повеќе од 15 години.