Мобилни
„Епл“ сака да ја купи апликацијата за препознавање мелодии „Шазам“
Американската технолошка компанија „Епл“ преговара за преземање на апликацијата за препознавање мелодии и песни „Шазам”, објави сајтот за технолошки новости „ТекКранч“.
Според интернет страната, брендот „Епл“ би можел уште в понеделник да го објави договорот за купување на „Шазам“.
„ТекКранч“, повикувајќи се на анонимни извори, наведува дека купопрдажбата би можела да чини околу 400 милиони долари, иако вредноста на Шазам е проценета на над една милијарда долари.