Интернет
Фејсбук го блокира профилот на девојка со име Исис
Социјалната мрежа Фејсбук го деактивира профилот на девојка кој се вика е Исис Анчале.
Веројатна причина за ваквата одлуака е тоа што нејзиното име е идентично со англиската кратенка за називот на џихадистичката група Исламска држава – ИСИС.
– Фејсбук мисли дека сум терорист. Очигледно тоа што им испратив копии од пасошот, не беше доволно за повторно да го активираат профилот, напиша на Твитер Анчале, која работи како компјутерски инженер во Сан Франциско.
Таа посочува дека единствена причина за блокирање на профилот е нејзиното име.
Исис Анчале, сепак, не се откажа така лесмо, па кога Фејсбук не реагираше на нејзиниот прв допис со копијата од пасошот, таа продолжи да им испраќа пораки. На крајот од Фејсбук сфатија дека таа ја зборува вистината, па профилот повторно и беше активиран, објави „Телеграф“.
Фејсбук од неодамна има правило, според кое, можете да се пријавите смао под вистинското име, што предизвика голем број полемики. Кога социјалната мрежа ќе се посомнева дека некој профил не носи име на вистинската личност, го блокира и бара докази со лични документи кои ќе потврдуваат дека станува збор за вистинското име на лицето што го користи профилот.