Интернет
Фејсбук поготвува новитет на Месинџерот
Фејсбук планира да воведе новина на мобилна апликација за неговиот Месинџер, која веројатно нема да ги израдува корисниците.
Имено, како што објави Теккранч, Фејсбук планира да воведе реклами кои ќе се испраќаат до корисниците на апликација како дел од нивниот разговор.
Сепак, рекламите нема по автоматизам да се слеваат во инбоксот на корисниците, туку ќе се појавуваат само ако веќе претходно тие контактирале со некоја компанија. Во тој случај соодветната компанија ќе може да испраќа реклами во врска со своите нови производи и понуди.
Фејсбук им препорачал на компаниите уште од сега да почнат со размена на пораки со своите клиенти, за подоцна да можат непречено да испраќаат реклами.
Според Теккранч, оваа новина речиси сигурно нема да ги израдува 800-те милиони корисници на Месинџерот, така што е прашање колку таа долго ќе се оддржи во живот.