Интернет
„Фејсбук“ со нова опција – видео од 360 степени
Социјалната мрежа „Фејсбук“ постојано работи на нови опции и можности за корисниците, а последна новина е репродукцијата на видео снимки од 360 степени.
Видеото од 360 степени на „Фејсбук“ ќе може да се гледа на сите достапни платформи. Овој новитет е претставен на Ф8 Фејсбук развојната конференција. Случно како и на видео снимките од 360 на ЈуТјуб, така и на Фејсбук ќе биде доволно само движење на телефонот околу себе и да го забележите целосното уживање на тоа што го гледате.
Засега оваа опција е достапна на веб верзијата и Андроид апликациите, додека во следните неколку месеци истата можност ќе биде и на иОС апликациите. Планот е на сите корисници да се овозможи гледање на видео снимки од 360 степени, а не само на медиумските компании и филмски продукции.
– Замислете да гледате видео на ваш пријател што се наоѓа на одмор во Франција или Бразил и имате чувство како да сте таму со нив, истакна Махер Саба, директорот за видео на Фејсбук.
Компанијата наведува дека уште некое време видеото од 360 степени на „Фејсбук“ нема да биде достапно за сите корисници, а причина за тоа е операмата, бидејќи мал број луѓе имаат неопходна опрема за создавање на видео содржина од 360 степени.