Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Феjсбук се попопуларен меѓу повозрасната популација

Наука

Феjсбук се попопуларен меѓу повозрасната популација

Социјалната мрежа Феjсбук станува се попопуларна меѓу повозрасните лица, покажува неодамнешно британско истражување.

Моментно најмногу се оние на возраст од 25 до 34 години (7,2 милиони во Велика Британија). Се поголемиот број корисници повозрасни од 35 години ја чини оваа група – втора најпопуларна на Фејсбук, објави „Гардијан“.

Имено, бројките на Фејсбук корисниците во Велика Британија се следни:

Од 12 до 17 години – 2,2 милиона;

Од 18 до 24 години – 4,5 милиони;

Од 25 до 34 години – 7,2 милиона;

Од 35 до 44 години – 5,9 милиони;

Од 45 до 54 години – 5,6 милиони;

Од 55 до 64 години – 3,5 милиони;

Над 65 години – 2,9 милиони.

Тинејџерите се повеќе ја напуштаат социјалната мрежа на Марк Цукерберг, додека пак, оние повозрасните од 55 години, ги има се повеќе.

Се проценува дека Фејсбук во Велика Британија годинава ќе има 2,2 милиона редовни корисници меѓу 12 и 17 години, 4,5 милиони – меѓу 18 и 24 години, што значи дека оваа бројка ќе биде за 700.000 помала во однос на минатата година.

Помладата популација се повеќе се интересира за Инстаграм и за Снепчет, кој последниве три години двојно го зголеми бројот на своите следбеници.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.