Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТО: Огнен Јаневски дел од проектот за изучување на „меките вештини“ на ФИНКИ

Наука

ФОТО: Огнен Јаневски дел од проектот за изучување на „меките вештини“ на ФИНКИ

Изминатиот период повеќе познати личности ги обучуваа студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство за таканаречените „меки вештини“.

Во понеделникот гостин на предавањето беше Огнен Јанески (ТВ водител, новинар, колумнист, тренер по ораторство, дигитален PR, модератор / аниматор) кој своето лично искуство го пренесе на големиот број присутни студенти од целиот технички кампус, од различни години на студирање.

Според организаторите, Емилија Ѓорѓевска, Оливер Ѓорѓевски, Нерма Муминовиќ, Стефан Стојановски и
Дарко Ефтимов, целта на овој проект е да се едуцираат студентите за важноста на поседувањето на вакви вештини, со особен акцент на оние кои студираат на технички факултети, бидејќи таквите факултети не нудат обуки од овој контекст.

This slideshow requires JavaScript.

Овој проект е дел од предметот Медиуми и комуникации при ФИНКИ, и еден од ретките предмети кои вклучуваат социолошки елементи од науката.

Сите кои не успеаа да присуствуваат на предавањето, видеата од истото можат да ги погледнат тука:

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.