Наука
ФОТО: Жарко Димитриоски ги учеше студентите на ФИНКИ за „меките вештини“
Вчеравечер на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство се одржа предавање за таканаречените „меки вештини“, под кои се подразбира лидерство, емоционална интелигенција, комуникација и менаџирање како дел од едукацијата на идните успешни компјутерски експерти.
Специјален гостин на предавањето беше Жарко Димитриоски, водител и медиумска личност, автор и продуцент на емисијата ,,Еден на еден”.
– „Се надевам дека многу работи што ги слушнавме на ова предавање ќе ни бидат од корист во нашите идни кариери. Беше забавно, но во исто време и поучно да се учи од личните искуства на Жарко Димитриоски.“ – изјави студентот Кристијан Георгиевски, кој, заедно со Ива Здравковска, Богомил Марков, Марија Минеска беше дел од тимот за организација на настанот.
Овој проект е дел од предметот Медиуми и комуникации при ФИНКИ, и еден од ретките предмети кои вклучуваат социолошки елементи од науката.