Наука
ФОТОГАЛЕРИЈА: ФИНКИ одбележа пет години постоење
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) вчера одбележа пет години од основањето.
На свеченоста присуствуваше и министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска која им врачи награди на најдобрите студенти со средна оценка над 9,5.
На прославата дипломи добија и сите завршени и магистрирани студенти од 2015-та година.
– Освен роденденот, денеска го прославуваме и дипломирањето и магистрирањето на 181 кандидат. Овие колеги го положија и последниот испит и во истиот момент станаа најдобрите информатички дипломци во нашата земја, истакна деканот на ФИНКИ Иван Чорбев, изразувајќи благодарност на Министерството за информатичко општество и администрација за континуираната поддршка.
ФИНКИ е формиран во 2011 година, во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Како дел од УКИМ, е најголем и најпрестижен ваков факултет во Македонија, а исто така е и меѓу најголемите факултети за информатичка технологија (ИТ) во регионот.
Вечерва прославата на пет години од основањето на факултетот продолжува со студентска забава во ноќниот клуб „ХО“, со почеток на полноќ.