Creative
ФОТОГАЛЕРИЈА: Официјално претставен Епл Воч
Извршниот директор на Епл Тим Кук во Сан Франциско го претстави долго очекуваниот Епл Воч, нарекувајќи го најперсоналниот уред од компанијата досега.
Епл Воч освен стандардните опции како календар, тајмер и датум, може да прима повици благодарение на вградените микрофон и звучници.
Интересна е опцијата „Дигитал тач“, благодарение на која се што ќе нацртате на часовникот може да се испрати на пријателите како анимација. – Ова е потполно нов начин на комуникација, изјави Кук.
Сите можни информации што ги примате на својот АјФон пристигнуваат и на новиот часовник. Епл Воч, исто така, ќе внимава на здравјето на корисникот и ќе го потсетува кога премногу седи, а на крајот на неделата ќе испраќа извештај за здравствената состојба.
Апликацијата Вечат за разговори со пријателите, истовремено овозможува и праќање различни слики и говорни пораки. Со Епл Воч корисникот ќе може да служи и за плаќање сметки и користење навигација.
Епл Воч може да го замени и клучот од хотелската соба, вашиот аларм, уредот за отворање и затворање на гаражата и многу други опции.
Часовникот е изработен од нерѓосувачки челик со оперативен систем иОС 8.2. Неговата батерија трае до 18 часа, а достапен во три дизајни Епл Воч Спорт, Епл Воч и Епл Едишн.
Цената на часовникот ќе се движи од 549 до 1.049 долари за моделот од 38 милиметри и од 599 до 1.099 долари за моделот од 42 милиметри. Епл Воч Едишн ќе биде ограничена серија по цена од 10.000 долари.